Напаѓачот на Манчестер сити, Серхио Агуеро започна со тренинзи по повредата на коленото. Триесет и двегодишниот напаѓач повредата ја доби на крајот на јуни, поради што го пропушти остатокот од сезоната 2019/20.
Агуеро беше опериран, а првиот тренинг по закрепнувањето го имаше вчера.
Минатата сезона, Аргентинецот постигна 23 гола и четири асистенции на 32 натпревари на сите натпреварувања
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.