Кога пристигна во Шкендија, Мохмаду Идрису беше најавуван како големо засилување, со оглед на неговата биографија и настапи во неколку бундеслигашки клубови. Но, откако се покажа како целосно промашување, Идрису по само шест месеци си замина од Тетово.

Во последните неколку месеци играше во Австрија, но од таму му се заканува депортација во Камерун. Додека чека реализација на одлуката, тој се наоѓа во Франкфурт, и во интервју за „Билд“ се жалеше дека нема пари, а нема ниту каде да спие.

Немам пари, немам стан, спијам кај пријатели. Беден сум, рече Идрису.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.