Поранешниот голман и спортски директор на Барселона, Андони Зубизарета, смета дека Лионел Меси веќе донел одлука каде ќе ја продолжи кариерата и дека тоа нема да влијае на исходот на сезоната.

Барселона во сабота го игра финалето на Купот на кралот против Атлетик Билбао.

Меси заслужи да размисли и да одлучи. Претседателот на Лапорта ќе стори сè за да го задржи. Доколку остане одлично, доколку не фудбалот ќе продолжи. Мислам дека Меси веќе донесе одлука во главата. Тој е ветеран и сите ги имавме оние денови кога донесувавме тешки одлуки – вели Зубизарета.

Меси целата своја кариера ја помина во Барселона, а неговиот договор со каталонскиот клуб истекува на 30 јуни годинава.

Така ми беше по поразот од Милан во Атина од 4:0, но 24 часа подоцна сопругата ми рече да продолжам. Меси е фудбалер, а не маркетиншки производ. Тој е доволно стар за да знае дека понекогаш губи, понекогаш победува – додаде Зубизарета.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.