Управата за финансиска полиција достави посебен извештај до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција,во кој ја сомничи поранешната раководителка на финансии на Фудбалската федерација сторено кривично дело „Оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем “ по член 251 од Кривичниот Законик.

Како што соопштија од Управата О.М. во повеќе наврати по добиениот отказ влегувала во системот за сметководство во ФФМ и менувала и бришела докази за криминални трансакции.

„Лицето О.М., откако била отстранета од работното место во Фудбалската федерација, во периодот од 13.10.2019 до 28.10.2019 година во повеќе наврати, неовластено пристапувала до програмата за сметководствената евиденција на Фудбалска федерација преку апликацијата TeamViewer од нејзинот персонален компјутер надвор од просториите на ФФМ и вршела измени – прекнижување, докнижување и бришење ставки во сметководствената евиденција на ФФМ, со цел да ги прикрие трагите од сторените кривични дела кои ѝ се ставаат на товар, сите опишани во кривичната пријава веќе поднесена од страна на Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција“, наведува Управата за финансиска полиција.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.