Поранешниот младински репрезентативец на Шпанија и голем талент на Реал Мадрид, Хесе Родригез во новата натпреварувачка сезона ќе му биде соиграч на нашиот Стефан Ристовски во Спортинг Лисабон.
Офанзивецот кој своевремено важеше за еден од најталенирани играчи во Европа никако не успева да се пронајде, па откако си замине од Реал и премина во Пари Сен Жермен клубот од фрацуската престолнина редовно го испраќа на позајмица. Прво беше Лас Палмас, Стоук, додека пак лани играше за Бетис.
И во новата средина пристигнува по истата формула, а најверојанот Спортинг ќе има можност да го откупи неговиот договор ако Шпанецот се покаже во одлично светло во Лисабон.
Извор: Дерби
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.