Полуфиналниот натпревар од плејофот во Д-групата од Лигата на нации на репрезентацијата на Македонија против Косово, кој со нетрпение се очекува во нашата земја бидејќи е првиот од два чекори кои мора да ги минеме за да се најдеме на Евро 2020, речиси сигурно ќе мора да се игра на арената „Тодор Проески“ во Скопје.
Причина за ова е денешната одлука на УЕФА дека на плејоф-средбите од сите групи ќе мора да се имплементира ВАР-системот, поради што е невозможно оваа средба, која дефинитивно ќе биде од највисок ризик, ќе може да се игра само на нашиот најголем стадион. Тоа значи дека на пресметката со Косовците следниот март овој софистициран систем за помош на судиите ќе дебитира во нашата земја, со оглед што досега такво нешто не беше во поблиските планови на луѓето задолжени за развој на македонскиот фудбал.
Според неофицијалните пресметки, инсталирањето на ВАР-системот ќе чини најмалку 250.000 евра, кои ќе бидат трошок на домаќинот.
извор: Спорт1
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.