„МВР во соработка со ФФМ и другите надлежни органи постапи во однос на обезбедување сигурност на учесниците. Преземени се сите мерки за безбедноста на фудбалерите од пристигнувањето во Скопје, за време на мечот и по одигрување на натпреварот. Преземени се и сите потребни мерки за почитување на протоколите за заштита од ковид-19. Поради тоа не е дозволено присуство на публика на трибините. МВР апелира да не се гледа групно натпреварот, а исто така до навивачите се апелира да се воздржат од инциденти, употреба на говор на омраза или други нарушувања на јавниот ред и мир, зашто тоа најстрого ќе биде санкционирано“, соопшти МВР.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.