Македонскиот фудбалер со албанско потекло, Музафер Ејупи, кој настапува за хрватски Славен Белупо, пред два дена во Копривница беше нападнат од постар човек, кој го нападнал со метална шипка и го удирал по главата. Ејупи се здобил со сериозни повреди на главата.
Тој во моментов е на домашна нега, во неговиот стан во Копривница, каде се опоравува од сериозен физички напад и претрпе „силни“ телесни повреди, пред два дена, објави Славен Белупо.
Ејупи (31) прво бил приведен, а потоа беше пуштен на слобода откако учествуваше во тепачката што се случи во средата навечер во Копривница.
Дејствувајќи во неопходна одбрана, осомничениот 31-годишник ја земал металната шипка од рацете на 53-годишниот човек кој го тепал и го удрил по главата и телото. 53-годишник е повреден во физички конфликт со тешки телесни повреди, додека другите двајца се полесно повредени, пишува на официјалната веб-страница на полицискиот оддел Копривница-Кришевци.
Ејупи има затворено десно око, има видливи повреди на челото, носот, усните и левото уво.
Ејупи е роден 1988 година во Скопје. Настапуваше за Вардар, Металург, Скендија, Осијек и Славен Белупо.
Тој одигра пет натпревари за младата македонска репрезентација и два натпревари за првиот тим на Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.