Хрватската фудбалска репрезентација го покажа сиот свој раскош на дуелот со Унгарија кој се играше во Сплит, на стадионот „Пољуд“, победувајќи со 3-0 во квалификациите за Европското првенство.

Атмосферата на стадионот била фантастична, а според пишувањата на медимите во Хрватска по овој меч се очекува домашен терен на „коцкестите“ да биде Сплит, а не Загреб, бидејќи навивачите создадоа амбиент кој не се заборава.

По завршување на мечот на „Пољуд“ беше пуштена „Цесарица“ на Оливер Драгојевиќ, а 30 илјади гледачи ја пееја во еден глас.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.