Полскиот репрезентативец, Кацпер Козловски, стана најмладиот фудбалер кој некогаш настапил на некое европско првенство во фудбал. Со 17 години и 246 денови Козловски го надмина рекордот што досега го држеше Португалецот Ренато Санчез, кој на ЕП 2016 против Франција заигра со 18 години и 327 дена.

Козловски дојде до рекордот кога на натпреварот помеѓу Шпанија и Полска влезе во игра на стартот од второто полувреме на местото на Матеуш Клих.

За младиот полски фудбалер, кој настапува во Погон Счечин, натпреварот против Шпанија му беше четврти настап за А репрезентацијата на Полска.

Најмлад фудбалер кој некогаш заиграл во квалификациите за ЕП е Норвежанецот Мартин Одегард, кој ја имаше таа чест со само 15 години и 300 дена.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.