Шпанија ја „тресе“ нов скандал со местење на натпревари, а под истрага се натпреварите меѓу Валенсија – Уеска, Валенсија – Валјадолид и Валенсија – Хетафе од сезоната 2018/19.

Според шпанските медиуми, во координирана акција на полицијата и Обвинителството биле приведени неколку лица, поранешни фудбалери и функционери, за кои постојат сомнежи дека учествувале во местење на натпревари.

Седум фудбалери на Вилјареал добиле понуда од 1,8 милиони евра да го загубат последниот меч во сезоната 2018/19 од Хетафе, чиј напаѓач Хорхе Молина бил запознаен со исплатата.

Споменатиот натпревар заврши со 2-2, а Хетафе така остана без четвртото место и пласман во квалификациите за Лигата на шампиони, каде што на крај заврши Валенсија, која го победи Валјадолид со 2-0, во меч за кој има сомнежи дека е наместен.

Освен тој дуел, предмет на истрага се и натпреварите на Валенсија пред крајот на истата сезона, односно победата против Уеска.

Во мај 2019 година беа уапсени 11 лица поради наводно местење на натпреварите во Шпанија, а уште еден меч за кој е потврдено дека е под истрага е победата на Химнастик осо 1-0 против Уеска во рамки на Сегунда во сезоната 2017/19.

Меѓу сомнителните лица се и поранешниот репрезентативец на Шпанија и бивш играч на Реал Мадрид, Раул Браво, апокрај него и Борха Фернандез.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.