Секторот за внатрешни работи Тетово ќе поднесе кривични пријави против навивачите кои денеска влегоа на теренот на стадионот во Тетово додека беше во тек натпреварот ФК Шкендија – ФК Шкупи и со тоа ги прекршија мерките кои се пропишани за спречување на ширење на Ковид 19, соопштија од тетовската полиција.
Полициски службеници презедоа соодветни мерки и беа обезбедени услови за натпреварот регуларно да заврши, а против прекршителите ќе бидат изготвени поднесоци, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.