Со големи проблеми поради заразени фудбалери со коронавирус се соочува германската фудбалска репрезентација спроти завршните два натпревари во рамки на квалификациите за Мундијалот 2022 во Катар.
Германските медиуми објавија дека позитивен на коронавирус е дефанзивецот Николас Шуле, а поради близок контакт со него изминатите денови, во изолација се уште тројца репрезентативци. Според медиумите, станува збор за Џамал Мусала, Карим – Давид Адејеми и Лирој Сане, чии тестови биле негативни на Ковид-19.
Поради овие проблеми селекторот Ханс Флик го откажа последниот тренинг, а постои можност бројката на заразени во германскиот табор да е поголема.
Германија, која е во иста квалификациска група со македoнската репрезентација, веќе го обезбеди настапот на Мундијалот, а квалификациите ќе ги заврши со дуелите против Лихтенштајн на домашен терен и Ерменија во Ереван.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.