Тренерот на Тотенхем, Маурисио Покетино е задоволен од изданието на неговиот тим и покрај поразот од Борнмут со 1-0, со оглед на тоа што неговите избраници бројно не беа рамноправни на теренот и скоро 45 минути играа со двајца фудбалери помалку.
Не размислувам премногу за овој меч. Што можам да кажам? Треба само да се подготвиме за следниот натпревар. Одигравме добро во првите 40 минути добро, создадовме шанси, но не постигнавме гол. Фудбалот може да биде суров, а противникот реализираше во последната минута и го докажа тоа. Ние треба да продолжиме понатаму, изјави Покетино.
Тој не сакаше да го коментира судењето и доделените два црвени картони.
Ја почитувам одлуката на судијата. Ние не сме среќни поради двата црвени картона. Нема што друго да се каже. Добро се боревме и со девет играчи, рече Покетино.
Предводникот на Тотенхем, смета дека овој пораз нема да влијае врз подготовките за реваншот во ЛШ со Ајакс.
Ние сме трети во Премиер лигата и играме во полуфиналето на Лигата на шампионите. Ќе бевме среќни ако некој ни кажеше за ова на почетокот на сезоната, завршил Аргентинецот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.