Менаџерот нa Тотенхем, Маурицио Покетино вели дека челниците на клубот мора да го сменат начинот на работа доколку сакаат екипата да стане конкурентна во борбата за трофеите.

Тотенхем игра добра сезона, во моментов се трети во Премиер лигата со шест бода помалку од водечкиот Ливерпул, а во борба се за трофеите во ФА и Лига купот, како и во Лигата на шампионите каде ги очекува двомеч со Борусија Дортмунд.

Доколку сакаме да освојуваме титули, мораме да започнеме да функционираме на поинаков начин. Во моментов работиме на ист начин како што работевме пред пет години кога дојдов тука. Можеби и вака ќе освоиме некој трофеј, но тоа ќе биде исклучително тешко бидејќи во меѓувреме секој клуб напредуваше, изјавил Покетино.

Тотенхем е првиот тим во историјата на лигата кој во летниот преоден рок не ангажираше ниту еден нов играч.

Неодамна ја видов листата која покажува колку клубовите потрошиле во изминатите десет години, а ние сме при дното. Ќе повторам, работиме одлично, но доколку сакаме да бидеме конкурентни мораме да го смениме начинот на работа, завшрил тој.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.