Денеска се одржа погребот на поранешниот италијански репрезентативец, човекот кој им ја донесе третата светска шампионска титула на Италијанците, Паоло Роси, а на истиот присуствуваа голем број познати италијански фудбалери. Меѓу нив беше и легендарниот италијански фудбалер, Роберто Баџо, кој не можеше да ги задржи емоциите на погребот на Пауло Роси во Виченца.

„Божјото репче“ како што го нарекуваа во текот на кариерата, беше видно вознемирен поради смртта на Роси и не можеше да престане да плаше. Неговата болка и тага поради загубата на еден од своите идоли не успеа да ги сокрие ниту маската преку лицето.

Роси почина пред неколку дена, а на неговиот погреб се собраа најголемите имиња на италијанскиот фудбал. Паоло Роси ја предводеше Италија на Светското првенство 1982 кога „Азурите“ не важеа за главни фаворити, но Роси се истакна како неочекуван лидер на селекцијата и на крајот им ја донесе титулата на Италијанците, притоа освојувајќи ја „Златната копачка“ за најдобар стрелец на Мундијалот со шест погодоци и „Златната топка“ за најдобар играч, станувајќи само четвртиот играч во историјата кој успеал да ги обедини овие три награди на едно СП.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.