Францускиот интернационалец, Пол Погба, не е среќен во Манчестер јунајтед и сака да си замине од клубот во јануарскиот преоден рок, јавува весникот „Сан“.
Погба нема намера да го продолжи договорот со „црвените ѓаволи“, а обврзан е со клубот до летото 2021 година. На еден од најдобрите фудбалери на репрезентацијата која стана светски првак, не му е предизвик што игра во Лига Европа наместо во Лигата на шампионите. Тој летоска посакуваше преселба во Реал Мадрид, но тоа не се случи.
Според „Сан“, Погба има несогласувања со тренерот Оле Гунар Солскјер, кој го натера да остане во клубот и оваа сезона, ветувајќи му дека ќе биде лидер на тимот. Манчестер за Погба бара дури 200 милиони евра, а ако клубот продолжи да бара толку, сигурно интересот за него нема да биде толку голем.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.