Според неколку француски медиуми, Пол Погба наводно повеќе нема да игра за Франција. Причината е тоа што му се налутил на претседателот на државата кој во својот говор кажал дека „Исламот е извор на тероризмот“.
Познато е дека Погба се декларира како муслиман, а неговите се по потекло од Гвинеја. Тој е роден во предградие на Париз, додека неговите постари браќа во родната Гвинеја.
Иако фудбалерот се уште не се огласил, информациите се на база на шпекулации, но воедно се пишува дека Погба е револтиран што Франција го награди со орден на француската Легија на честа учителот Самуел Пати кој на час покажувал карикатури од пророхот Мухамет и кој поради тоа беше убиен од страна на еден ученик.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.