Францускиот репрезентативец, Пол Погба беше двоен стрелец за Манчестер јунајтед вчера во победата над Вест Хем со 2-1. За него ова беа први погодоци по пауза од десет натпревари или вкупно 964 минути.

Погба се запиша во листата на стрелци во 19. минута и 80. минута, а двата гола ги даде од пенал. За гостите од Лондон погоди Фелипе Андерсон во 49. минута.

Резултати на другите саботни натпревари од 34. коло во Премиер лигата:

Тотенхем – Хедерсфилд 4-0
Брајтон – Бурнмут 0-5
Барнли – Кардиф 2-0
Фулам – Евертон 2-0
Саутемптон – Вулвс 3-1.

Табела: Ливерпул 82 бода (33 натпревари), Манчестер сити 80 (32), Тотенхем 67 (33), Челси 66 (33), Манчестер јунајтед 64 (33), Арсенал 63 (32), Лестер 47 (34)…



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.