Играчот на Манчестер Јунајтед, Пол Погба, целосно се опорави од коронавирусот и продолжи со тренинзите со тимот, објави веб-страницата на „црвените ѓаволи“. 27-годишниот Французин беше тестиран позитивен на коронавирус кон крајот на август и беше принуден да ги пропушти натпреварите на Лигата на нации на Франција против Шведска и Хрватска.

Во моментов Погба е целосно здрав, но неговото учество на натпреварот од второто коло во Премиер лигата против Кристал Палас на 19 септември е доведено во прашање. „Црвените ѓаволи“ денеска требаше да играат со Барнли во првото коло, но натпреварот беше одложен.

Погба пропушти неколку тренинзи поради коронавирусот, но никогаш не му требало долго да влезе во форма. Се надевам дека е подготвен за следниот викенд, но не сум 100% сигурен, изјави менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.