Селекторот на македонската А репрезентација, Благоја Милевски го објави списокот со повикани фудбалери за септемвриските натпревари од квалификациите за Светското првенство.

Македонија ќе се сретне со селекциите на Ерменија и Романија во Скопје, со Исланд на гости.

Новина е враќањето на напаѓачот Адис Јаховиќ, проблем селекторот Милевски има во средниот ред, Аријан Адеми е неизвесен, додека Бобан Николов е позитивен на Ковид-19.

Со Ерменија која е лидер во нашата група се среќаваме на 2 септември на арената „Тодор Проески“, три дена подоцна гостуваме кај Исланд а на 8 септември се среќаваме со Романија во Скопје.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.