Македонија вечерва ќе ја пречека Словенија, како дел од подготовките за настап на престојното европско првенство. Дуелот почнува во 18 часот на Националната Арена „Тодор Проески“, а после повеќе од една година, ќе има публика на стадионот. Ќе биде дозволено присуство на 30% од капацитетот, или околу 10 илјади гледачи ќе може да го следат дуелот.

Пред мечот беше забележана раздвиженост пред стадионот во Скопје, а оние кои ќе бидат на трибините мора да ги почитуваат протоколите, односно да носат маска и да држат дистанца.

Владата пред неколку дена донесе одлука за враќање на публиката на отворените стадиони, откако бројките на новозаразени се во пад.

За три дена, Македонија ќе одигра уште еден пријателски натпревар. Во Скопје ќе гостува селекцијата на Казахстан.

Македонската селекција на ЕВРО ќе игра во групата против Австрија и Украина во Букурешт и против Холандија во Амстердам.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.