Во Белград на 85 години почина Владица Поповиќ, еден од најдобрите српски тренери. Тој е најознат по тоа што со него Црвена Ѕвезда во 1992 година во Токио стана светски шампион. Предводници на тој тим беа нашите Илија Најдоски и Дарко Панчев.
Поповиќ во осумедестите работеше во Колумбија и тогаш добил понуда да го тренира тимот на Меделин чии газда беше најголемиот нарко бос Пабло Ескобар.
Ескобар ме повика на разговор и тогаш сите знаеја кој е и што работи и оти таков повик не се одбива. Ме однесе во својата вила на базен и ми даде виски. Сакаше да станам негов тренер но јас одбив-изјави Поповиќ пред неколку години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.