По кусо боледување, спортскиот новинар Милутин Станковиќ почина денеска во Скопје на 60 години.

Еден од најпознатите новинари во кошарката, Станковиќ работеше во дневниот весник „Нова Македонија“ до 2000 година, кога премина во дневниот весник „Вест“, каде што долги години беше уредник на спортската редакција.

Погребот е утре на градските гробишта во Бутел.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.