На 71-годишна возраст, по тешко боледување денеска почина поранешниот фудбалер Јастре Јаневски, објавува Спорт Медиа.

Јаневски беше дел од само два клуба во својата кариера, односно настапуваше за Работнички и за Вардар.

Беше четири години дел од „романтичарите“, потоа седум од Вардар, па потоа уште четири мина во Работнички.

По завршувањето на кариерата работеше и во младинските категории на „романтичарите“ како тренер.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.