Некогашниот претседател на УЕФА и најзаслужниот за актуелниот формат на најелитното европско клупско натпреварување Нилс Ленарт Јохансон почина синоќа во 90-тата година од животот, објави денеска фудбалскиот сојуз на Шведска.
Швеѓанинот беше прв човек на УЕФА цели 17 години, од 1990 до 2007 година, кога фотелјата ја наследи Мишел Платини. Веднаш по отстапувањето на функцијата, Јохансон беше именуван за почесен претседател на куќата на европскиот фудбал.
Најголемото достигнување на Ленарт Јохансон по кое ќе остане запишан во историјата на европскиот фудбал е укинувањето на некогашниот Куп на шампиони, кој потоа го претвори во Лига на шампиони што се игра во истиот формат до ден денес.
Во 1998 година Јохансон се кандидира и за претседател на ФИФА, но на изборите загуби од Сеп Блатер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.