На 58-годишна возраст почина Вања Георгиевски, еден од основачите на битолската навивачка група „Чкембари“.

Вања беше познат градски урбан лик кој кој неизмерно го сакаше Пелистер. Присутен на трибините беше секогаш и ги бодреше како Пелистер, така и македонската репрезентација.

Од Георгиевски се простија и навивачите на Пелистер, Чкембари:

Почивај во мир ВАЊА ЛЕГЕНДО

Анегдотите за тебе ќе се прераскажуваат, споменот твој ќе живее на нашата трибина. Вечно во срцата на твоите Чекмбари, велат во својот последен поздрав од навивачката група „Чкембари“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.