Познатиот фан на Ливерпул и член на групата „Џери и пејсмејкери“, Џери Марсден почина на 78-годишна возраст.

Марсден почина по срцева инфекција, оставајќи ги зад себе сопругата Полин и двете ќерки Ивет и Викторија.

Тој беше главен пејач на групата која се прослави во текот на шеесеттите години со обработка на песната „You’ll never walk alone“.

Песната е напишана од Ричард Роџерс и Оскар Хамерстајн за мјузиклот „Вртелешка“ од 1945 година.

Верзијата на групата Ливерпул донесе голема слава во песната и се смета за неофицијална химна на фудбалскиот клуб Ливерпул.

Песната се емитува на стадионот „Енфилд“ пред почетокот на секој натпревар од 1963 година.

Освен во Ливерпул, песната може да се слушне и на некои други стадиони низ цела Европа.

Селтик, Борусија Дортмунд, Кајзерслаутерн, Сент Паули, Феенорд и Твенте се дел од клубовите каде оваа песна може да се слушне на стадионите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.