Денес во Битола, по кратко боледување, почина Никола Поповски, еден од најистакнатите фудбалски тренери и спортски работници во Пелистер и поранешен член на Едукативниот центар при Фудбалската федерација на Македонија. Поповски почина во 63-тата година од животот.

Низ децениската работа во академијата на Пелистер низ негови раце поминаа многу познати фудбалски имиња, а работата со младинските категории беше негова главна преокупација низ скоро четиридецениската кариера. Последната деценија работеше во Едукативниот центар на федерацијата и исто така има големи заслуги за издигнувањето на истиот.

Погребот на смртните останки на Поповски ќе биде извршен утре во 11:00 часот на гробиштата во Света Недела во Битола.

Фудбалска Битола загуби многу големи имиња во оваа 2020 година, во која почина и легендарниот претседател Митко Бутлевски и еден од најдобрите и најкултни голмани во историјата Томе Димитровски.

Извор: Тера



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.