Денеска, на 87 години почина некогашниот тренер и фудбалер на Шкупи, Бајруш Бафтијари. Бафтијари беше една од најголемите легенди на клубот. Во 1952 година ја започнал својата кариера во својот омилен клуб од Чаир, по крајот на играчката кариера тој остана во Шкупи каде од 1962 година беше ангажиран како тренер во младинската школа. Потоа одредено време работеше и како прв тренер на тимот, се до крајот на 80-тите години од минатиот век.
По повод смртта на Бафтијари, целиот клуб на Шкупи изрази сочуство до семејството на Бафтијари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.