Интер со 5-1 славеше против Удинезе во последниот натпревар оваа сезона, „нероаѕурите” поставија неколку рекорди и станаа првиот клуб со 3.000 натпревари во Серија А.
Интер во голем стил ја заврши сезоната, избраниците на Конте попладнево со 5-1 го совладаа Удинезе на „Џузепе Меаца“.
Јанг донесе водство од 1-0 во 8. минута, а пред крајот на првиот дел, Ериксен од слободен удар донесе 2-0. По десет минути игра во второто полувреме, Мартинез од пенал реализираше за 3-0, Перишиќ зголеми на 4-0 во 64. минута а голеадата ја заврши Лукаку во 71. минута. Переира реализираше од белата точка за почесен гол за гостите и конечни 5-1.
Со оваа победа, Интер стигна до 91 бод, вториот најдобар скор во нивната историја по оној во сезоната 2006/07 кога беа освоени 97 бодови.
„Нероаѕурите“ исто така успеаја да го победат секој противник барем еднаш, успех кој го повторуваат по втор пат. Беа постигнати 89 погодоци, најмногу по сезоната 1949/50 кога биле постигнати 99, и сезоната 1950/51 кога биле постигнати 107.
Интер исто така стана првиот клуб со 3.000 натпревари во Серија А.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.