Ако Норвежанецот, Оле Гунар Солскјер и по крајот на сезоната остане на клупата на Манчестер јунајтед, тогаш нов капитен на тимот ќе биде Пол Погба, откриваат англиските медиуми откако беше објавено дека сегашниот прв капитен на тимот, Антонио Валенсија, дефинитивно ќе си замине од „Олд Трафорд“ на лето.
Сегашен заменик на често повредениот Валенсија е Ешли Јанг, но според Солскјер, капитенската лента треба да биде на раката на светскиот шампион Погба, кој игра како препороден по неговото доаѓање во клубот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.