Триесет и седумгодишната Франческа, помладата сестра на тренерот на Наполи, Џенаро Гатузо, по неколкумесечна хоспитализација, денеска почина во болницата во италијанскиот град Варезе.
Francesca Gattuso ha affrontato la malattia con la stessa carica e la stessa solarità con cui ha vissuto Milanello e il Milan ogni giorno. Rino, il tuo immenso dolore e quello della tua famiglia è anche il nostro. Riposa in pace cara Francesca. pic.twitter.com/h6CEFrzAUz
— AC Milan (@acmilan) June 2, 2020
Клубот во кој игра и Елиф Елмас изрази сочувство до својот тренер и ја сподели тагата за прерано починатата Франческа, која долги 14 години работеше како секретарка во Милан, каде и самиот Гатузо играше.
Гатузо за тешката и ретка болест на сестра му и итната операција дозна на 3 февруари, дента кога Наполи играше со Сампдорија, па затоа и по мечот не се појави на прес-конференција, туку веднаш замина да ја посети, а веста за нејзината смрт ја дозна утрово, на теренот за тренинг во Кастел Волтурно.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.