Лусиен Фавр е разрешен од функцијата главен тренер на Борусија, објави клубот од Дортмунд на својот официјален Твитер.
Во соопштението се наведува дека одлуката е донесена по вчерашниот пораз од Штутгарт (1:5) во Бундеслигата.
Заедно со Фавр, ќе го напушти тимот и неговиот асистент Манфред Стефес.
Клубот му се заблагодари на тренерот за неговата работа и му посака успех во иднина.
Во следниот период „милионерите“ ќе ги предводи поранешниот помошник на Фавр, Един Терзиќ. Неговите асистенти ќе бидат Себастијан Геперт и Ото Адо.
Борусија Дортмунд е петта на табелата во Бундеслигата со 19 поени од 11 натпревари
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.