Лион синоќа со пресврт го доби големото дерби од Лига 1 и го совлада ПСЖ со 2-1, а норвешкиот стратег Оле Гунар Солскјер од трибините го „скенираше“ идниот противник во Лигата на Шампионите.
Јунајтед славеше минимално на гостувањето кај Лестер во 25 коло од Премиерлигата, со што сега има два бода негатива зад четвртопласираниот Челси, а Солскјер веднаш по мечот со Лестер отпатувал за Франција.
Норвежанецот беше уловен од камерите на гледалиштето од арената на мечот помеѓу Лион и ПСЖ, меч кој домаќините го добија со 2-1.
Инаку, ПСЖ е противникот на Јунајтед во осминафиналето од Лигата на шампионите, a првиот меч се игра веќе идниот вторник. Jунајтед во првата пресметка игра пред своја публика, а за парижаните голем хендикеп ќе биде неиграњето на првата ѕвезда во тимот, Нејмар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.