Тимот на нашиот Горан Пандев, Џенова, вчера остана без тренер откако Иван Јуриќ даде отказ, па веднаш се појавија шпекулации за тоа кој ќе го наследи на „жешкото“ столче.

Италијанските медиуми денеска потврдија дека поранешниот италијански селектор, Чезаре Прандели е официјално нов тренер на Џенова. Тој денеска беше официјално претставен во новиот клуб и кажа дека е возбуден поради новиот предизвик.

Многу сум мотивиран и едвај чекам да почнеме со тренинзи и натпревари, кажа Прандели.

Инаку, Прандели во кариерата ги има тренирано Парма, Рома, Фиорентина, Италија, Галатасарај и Валенсија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.