Ливерпул, Челзи и Манчестер сити почнале да се двоумат за идејата да бидат дел од Суперлигата. Како што објавуваат британските медиуми, ваквото двоумење доаѓа по жестоките и масовни негативни реакции од навивачите и јавноста.

Според „Тајмс“, еден тим веќе има намера да го напушти списокот на учесници.

Во новата Суперлига, од Англија треба да учествуваат Манчестер сити, Челзи, Арсенал, Тотенхем, Ливерпул и Манчестер јунајтед.

Сепак, како што пишува „Гардијан“, кај раководствата на клубови како што се Челзи и Манчестер сити има двоумење за нивното учество во Суперлигата.

Според „Билд“, слични размислувања има и во Ливерпул.

Веќе споменатите англиски клубови, како и Реал Мадрид, Барселона, Атлетико Мадрид, Милан, Интер и Јувентус најавија создавање на ново натпреварување – Суперлигата. Првите натпревари се закажани за август 2021 година. 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.