Екипата на Манчестер Сити денеска од 16 часот не успеја да освои ниту еден бод на домашен терен и изненадувачи беше поразена од Кристал Палас со 2-3. Гундоган отвори во 27-та минута, за само неколку минути подоцна Палас преку Шлуп и евроголот на Таузенд да дојде до предност од 1-2 на полувреме.

Во вториот дел гостите на Етихад зголемија на 1-3 преку Миливојевиќ кој беше прецизен од белата точка, а „граѓаните“ само успеаја да го ублажат поразот со голот на Де Брујне за конечни 2-3. По вчерашната победа на Ливерпул, тимот на Клоп сега е на 4 бода предност пред Сити на врвот на табелата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.