Вејн Руни пред стартот на натпреварот меѓу Кардиф и Манчестер Јунајтед потенцираше дека комплетно ја поддржува одлуката на клубот околу отказот на Жозе Мурињо, а во текот на отвореното студио на „Би-Ти Спорт“, се најде во фокусот и поради една друга кратка анализа која ја направи во самата завршница на мечот.

Поранешниот капитен во воведот појасни зошто Јунајтед мораше да го отпушти Мурињо, за потоа да ја воочи главната и евидентна разлика во играта на Манчестер уште при првиот натпревар на Солскјер како шеф на стручниот штаб. Јунајтед го декласираше Кардиф со 1-5 на гостувањето во Велс, победа која го натера Руни да направи споредба меѓу филозофиите на Солскјер и Мурињо.

Мислам дека главната разлика со Мурињо е тоа што Жозе дава еден гол и сака да го задржи тој резултат, додека сега со Солскјер се гледа дека тимот се обидува да постигне што е можно повеќе голови, заклучи Руни.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.