Фудбалската репрезентација на Уругвај дони нов селектор во 46-годишниот Диего Алонсо како наследник на легендарниот Оскар Табарез, кој по 15 години минати на позицијата, минатиот месец доби отказ.
Уругвајската фудбалска федерација сè уште не објави детали, но локалните медиуми објавуваат дека со Алонсо е потпишан договор до крајот на јужноамериканските квалификации за пласман на Мундијалот 2022 во Катар.
Табарез мораше да замине од сеекторското место по серијата лоши резултати во мундијалските квалификации, во кои Уругвај е седмопласиран со бод помалку од Колумбија и Перу, кои се на четвртото и петтото место. Првопласираните четири репрезентации обезбедуваат директен пласман на Мундијалот во Катар, додека петопласираниот тим ќе игра бараж.
Алонсо со својата тренерска кариера предводеше повеќе јужноамерикански екипи, а неговите последните два тима беа мексиканскиот Монтереј и американскиот Интер Мајами.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.