Во својот прв старт како играч на Милан, Полјакот Криштов Пјатек постигна два гола и им донесе победа на „росонерите“ од 2 – 0 синоќа против Наполи. Поранешниот соиграч на Пандев по мечот истакнал дека ова е само почеток на неговата успешна кариера во Милан.

Очекував ваква ноќ. Реков дека сум подготвен и дадов два гола, но ова е само старт. Двата гола беа одлични иако беа различни. Пред натпреварот зборував со Диего Лаксалт и Фабио Борини, им реков да ми даваат високи и долги топки бидејќи такви преферирам, истакнал Полјакот.

За вториот гол, требаше да одам на Кулибали, но добро поминав. Веќе размислувам за следниот меч со Рома и се надевам дека до тогаш уште повеќе ќе бидам воигран со моите соиграчи, додал Полјакот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.