Италијанскиот тренер, Марко Џампаоло од денеска повеќе не е тренер на Милан. Одлуката тренерот да добие отказ била донесена вчера. Во меѓувреме челниците на Милан, Паоло Малдини и Звонимир Бобан се договориле нов тренер да биде Стефано Пиоли.

Џампаоло на клупата на славниот клуб се задржа околу 3 месеци, а ниту победата во минатато коло во Џенова не го спаси од отказ.

Наследникот Пиоли бил прв пик на Малдини, а од страна на медиумите тој во нов тренер на Милан бил „промовиран“ вчера.

Малдини и Бобан се решиле на ваков чекор за да му овозможат на новиот тренер да има десет дена да се запознае со фудбалерите, односно со оние што немаат репрезентативни обврски и што ќе останат во клубот во текот на оваа пауза.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.