Жерар Пике не играше во „Ел Класикото“ меѓу Реал Мадрид и Барселона, но по дуелот се симна на терен и влезе во кавга со главниот арбитар Жил Манцано.
Каталонците имаа замерка на арбитражата во второто полувреме, а Пике му пријде на судијата додека тој одеше кон тунелот.
„Дозволи ми да ти кажам нешто! Ни даде малку екстра-време, а беше и долго време надвор од натпреварот“, беа зборовите на дефанзивецот кои се слушаат на видео-материјал.
Манцано го испрати целиот вербален дуел со Пике со насмевка и си замина во соблекувалните. „Ел Класико“ му припадна на Реал Мадрид (2-1) и „кралевите“ сега се лидери на табелата. Зад нив е Атлетико, кој има меч помалку.
Извор:Гол.мк
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.