Познато е дека Кристијано Роналдо многу внимава на здравата исхрана, подготовка и начин на живот. Тоа го покажа и пред почетокот на официјалната прес-конференција со португалскиот селектор Фернандо Сантош пред мечот против Унгарија.

Седнувајќи на своето место, тој ги забележа двете шишиња „Кока-кола“, официјален спонзор на УЕФА и на ЕУРО 2020, и реши да ги отстрани, по што порача дека треба да се пие вода!



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.