Хрватскиот крилен напаѓач, Иван Перишиќ, истакна дека очекува неговата репрезентација да прикаже различна слика од од првите два натпревар на Европското првенство, во кои освои само еден бод.
Хрватска вечерва игра против Шкотска во Глазгов, а на овој натпревар на Хрватите им е неопходна победа за пласман во осминафиналето.
Се надеваме дека ќе видиме друг хрватски тим. Шкотска ќе биде многу мотивирана, очекувам добар натпревар, се надевам дека ќе оствариме победа и ќе продолжиме понатаму – изјави Перишиќ за официјалната веб-страница на УЕФА.
Натпреварот Хрватска – Шкотска се игра вечерва со почеток од 21 часот.
Во исто време, во Лондон, Англија игра со Чешка.
По две одиграни кола, Чешка е прва на табелата со четири бодови, втора е Англија со ист број бодови, но послаба гол-разлика, по што следуваат Хрватска и Шкотска со по еден бод.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.