Хрватскиот фудбалер, Иван Перишиќ кој игра во италијанскиот Интер, добил понуда од кинески клуб за договор од три сезони, вредна 36 милиони евра.
Како што пишуваат италијанските медиуми, Шангај Шенхуа му понудил на италијанскиот Интер 25 милиони евра за Перишиќ, додека на Хрватот му понудиле богат тригодишен договор вреден 12 милиони евра по сезона.
Истите извори наведуваат дека италијанскиот клуб не е задоволен од понудата и бараат најмалку 35 милиони евра, но и дека и самиот Иван не е воодушевен од можноста да заигра во Кина и дека повеќе преферира да замине во Премиер лигата.
Перишиќ има договор со Интер до 2022 година, а во овој клуб за четири години одигра 163 натпревари и постигна 40 голови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.