Претседателот на Реал (М), Флорентино Перез, кој е назначен за нов шеф на новоформираната Европска Супер лига излезе со изјава во врска со контроверзното натпреварување кое предизвика вистински тектонски поместувања во светскиот фудбал. Тој вели дека Суперлигата не е напад врз фудбалот, туку негово неопходно спасување.
Сите велат овие се богати и прават што сакаат – не. Јас не сум сопственик на Реал Мадрид, Реал Мадрид е клуб на членови. Сè што правам е за доброто на фудбалот. Сега го правиме ова за да го спасиме фудбалот, кој е во критична ситуација, рекол првиот човек на мадридскиот гигант.
Според Перез, светските клубови се наоѓаат во финансиски потешкотии поради пандемијата и Суперлигата е еден од потезите кои мора да се преземат.
Ова е спас на фудбалот за да може да биде мирен барем во следните 20 години. Ситуацијата е многу драматична, додава Перез во интервју за шпанските медиуми и порачува: „Ќе се обидеме да почнеме што поскоро“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.