Поранешниот фудбалер на Барселона и Манчестер Сити, Јаја Туре ги негираше информациите за крај на фудбалската кариера. Ова беше објавено од неговиот агент Димитри Селук пред
неколку дена.
Во последно време има многу шпекулации за мојата иднина. Сакам да ви објаснам дека го сакам фудбалот и ќе играм уште неколку години. Да, јас сум заинтересиран да добијам тренерска лиценца, но тоа не е она на што размислувам сега. Сега сум подготвен и фокусиран да преземам нови предизвици и да играм фудбал повторно! Не грижете се, штом дојде времето, ќе го објавам официјално и лично повлекувањето, напишал Африканецот на Tвитер.
Туре го напушти Олипијакос во декември минатата година. Претходно, беше објавено дека фудбалерот на Брегот на слоновата коска, кој има 36 години, размислува за опција да биде тренер во Русија, а сега е виден во Кина каде што се шпекулира дека ќе потпише со тимот на Чингдао Хуангај.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.