Репрезентацијата на Италија е првиот финалист во овогодинешното Европско првенство во фудбал, откако ја победи Шпанија со 4-2 на пенали, кои следеа по нерешениот резултат од 1-1.
ITALY HAVE DONE IT!
THEY BOOK THEIR PLACE IN THE EURO 2020 FINAL! 🇮🇹 pic.twitter.com/9qIynJzOev
— ESPN FC (@ESPNFC) July 6, 2021
На Вембли прво поентираше Федерико Киеза во 60. минута, за на 10 минути пред крајот на регуларниот дел од мечот за Шпанија да изедначи Алваро Мората. Следеа две продолженија без голови, по што пенал рулетот пресуди за Италијаните.
Вториот финалист ќе го дознаеме утре, кога силите ќе ги измерат Англија и Данска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.