Фудбалскиот клуб Пелистер успеа колку-толку да ги надмине проблемите и да ги исполни условите за настап во Првата фудбалска лига. Денеска беше последниот ден до кој, според прописите на ФФМ, клубот мораше да има 12 регистрирани играчи со професионални договори за да може да игра во елитата и Пелистер тоа и го направи.

Вакво нешто за „Спортмедиа“ потврдува спортскиот директор на Пелистер, Пеце Коруновски.

Да, официјално можам да потврдам дека Пелистер има на список 12 играчи со професионални договори. Тоа значи дека сега нема никакви пречки нашиот тим да се натпреварува во Првата лига во следната сезона. Нашиот дел ние си го одработивме. Сега на ред се луѓето кои се задолжени за финансиите да обезбедат пари и буџет со цел Пелистер да биде и натаму респектабилен клуб – вели Коруновски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.